Тимови на ВМРО – ДПМНЕ во Дебар

105

Во рамки на кампањата „Разговори за обнова на Македонија – проблеми, решенија и програма”, тимови на ВМРО-ДПМНЕ денеска беа во посета на Дебар и неколку населени места.

Тие одблиску ги слушнаа проблемите со кои се соочуваат дебрани, кои најмногу се пожалија на патната инфрастрктура која наслените места ги поврзува со градот, како и на потребата од вработување на младите со цел да се запре нивното заминување во странство.

Дафина Стојановска, член на ИК на партијата изјави дека присуството на граѓаните на оваа средба во толкав голем број и покрај лошите временските услови зборува симболично за тоа дека народот во Дебар повеќе не се плаши од ниту една закана, од ниту една уцена и оти, како што рече, ќе го осуди ова насилство што го приреди постоечкава власт.

– Зоран Заев пред да дојде на власт на секој којшто побара му вети исполнување, без да размисли дали воопшто може да реализира, наспроти него Христијан Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ секое ваше барање и поредлог за идната програма сериозно ќе го разгледа и се што ќе биде ставено на хартија на идната програма на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните парламентарни избори, бидете сигурни дека ќе биде и реализрано, рече Стојановска.

Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не ги изманипулирало граѓаните и додаде оти добро е што граѓаните и на Дебар и на целиот западен регон увидоа дека се крајно излажани и изневерени.

– Во измнативе две годни Дебар и околината место да бидат центар на крајниот западен регон, за жал Дебар е заборавен од Владата на Зоран Заев. Дебрани кажуваат дека наместо план за живот ниту било планирано, ниту има некакви планови за Дебар во иднина. Денес сме тука, а веќе две недели во Парламентот расправаме за буџетот за 2020 годна, а во тој најголем буџет во историјата на самостојна Македонија, нема ниту еден проект или план, не само за Дебар туку за целиот западен регион. Ете тоа се слатките ветувања на Зоран Заев коишто по две години увидовме дека останаа само на хартија, изјави Стојановска.

Затоа, како што рече, следува 12 април и верувам дека – „сите вие заедно со нас на 12 април и на писмено ќе му го дадеме конечниот одговор на Зоран Заев и ќе му кажеме довидување”.

-Зоран Заев не смее повеќе да се изигрува со македонскиот народ и не смее повеќе да биде на политичката сцена било кога во Република Македонија. По 12 април одговорноста ќе ја преземеме ние и бидете сигурни дека се што ќе ветиме и ќе реализираме. Ние не ги манипулираме граѓаните на Републока Македонја, вети Стојановска.

Во Дебaр заедно со Стојановска беа и пратениците Лилјана Затуроска и Горан Манојлоски.