Откако последната сезона во Формула 1 заврши со многу проблеми и нов триумф на Луис Хамилтон, екипите веќе се подготвуваат за новата. ФИА одлучи екипите што ќе учествуваат во новата Ф1 сезона да платат регистрација од 676.000 евра. Тоа е минималната сума што еден тим треба да ја плати за да се натпреварува во Формула 1, но тоа не е сè.

Светската автомобилска федерација наплаќа и за секој освоен бод во претходната сезона. Шампионскиот тим Мерцедес плаќа дополнително 5.500 евра по бод, додека другите тимови плаќаат 4.500 евра по бод и бројката за учество расте до милиони.

Поради бројните откажани трки, ФИА изгуби огромна сума пари. Екипите издвоија значително помалку средства за оваа организација и заштедија многу пари.

Сепак, бодот за следната година ќе го чини секој тим 5.577 евра и нема сомнеж дека ФИА ќе надомести многу.

Така, Мерцедес за учество во новата сезона ќе мора да плати 3.660.734 евра, Ред Бул – 2.224.080 евра, Мекларен – 1.591.527, Рејсинг поинт – 1.552.485, Рено – 1.474.402, Ферари – 1.195.533 евра….