Италијанскиот калчо гигант Милан со големо внимание ја следи ситуацијата околу белгискиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Лестер, Јури Тилеманс. Офанзивниот играч за врска од 1. јули ќе има статус на слободен фудбалер, а пред неколку дена потврди дека не планира да игра за Лестер во Чемпионшип. Репрезентативецот на Белгија важи за голема желба и на раководните лица на Арсенал и Рома.