Тешко повреден возач на мопед

61

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа во Скопје.

-На 09.08.2022 во 00.20 часот било пријавено дека во Скопје на ул.“Кемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Л.(21) од с.Љуботен-скопско и моторцикл “вангје“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Л.(25) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје – информираат од МВР.