Селекторот на српската ракометна репрезентација Ненад Перуничиќ, смета дека неговите играчи покажале срце и карактер во последниот меч пред групната фаза на Европското првенство против Хрватска

Избраниците на Ненад Перуничиќ го завршија континенталниот шампионат со три порази, последниот од селекцијата на Хрватска со 24:21.

-Честитки за господинот Лино Червар, неговиот тим и целиот стручен штаб. Многу е тешко да се игра 60 минути против екипа од ваков квалитети и на која целта и е да освои медал. Ако премногу се трошите, особено во одбраната за да создадете шанса, а потоа правите многу грешки во нападот, против еден играч како Дувњак, кој постојано влечеше на средина , тогаш не можете да победите. Но реков дека тоа не смее да се случи. Ги менував левите бекови и сите ја правеа истата грешка. Едноставно тешко е кога момците не играат со глава, туку со срце. И честитам на Хрватска и ѝ посакувам да освои медал на овој шампионат, изјави српскиот селектор.

Ова беше натпревар во кој Србија покажа најдобра игра на шампионатот. Од прикажаното на теренот изненаден беше и селекторот на Хрватска, Лино Червар.

-Сакавме да победиме и во исто време да останеме да не се замориме. Но тоа не беше возможно, бидејќи Србија наметна силно темпо на натпреварот. Не очекував ваква игра од нив. Очекував да биде тешко, но не до волку тешко. Секоја чест за прикажаната игра и им посакувам многу повеќе успех на наредните шампионати, истакна Червар.