Тешка сообраќајна несреќа во Струмица

351

Комбе полно со мигранти предизвика тешка сообраќајна несреќа во Струмица. Три лица се повредени, но се надвор од животна опасност, а уште неколку се здобиле со полесни повреди. Сите повредени се примени во струмичката болница и им е укажана неопходната помош.

Според очевидците кои во моментот на несреќата се нашле на улицата Младинска на која се случи несреќата комбето со кочански регистарски ознаки се движело со огромна брзина. Во еден момент изгубило контрола и удрило во неколку паркирани возила. Очевидците велат дека глетката била страшна.

По несреќата дел од мигрантите избегале. За сега нема конкретни податоци колкав бил нивниот број.

Според неофицијалните информации на дел од очевидците, се работи за бројка од околу триесетина мигранти . Детали за несреќата не соопштија ниту од МВР.

Од таму само го потврдија настанот и информацијата дека комбе со кончански табли управувано од возач од Кочани учествувало во несреќата. Повеќе информации најавија по завршувањето на увидот и целосното расчистување и документирање на случајот. (З.Ѓ.)