Тешка сообраќајна несреќа во Словенија: Се преврте автобус полн патници, најмалку тројца мртви

962
Фото: PRINTSCREEN SOBOTA INFO

Три лица загинаа, а неколку се повредени во сообраќајна несреќа што се случи утрово во Словенија. Како што јавуваат словенечките медиуми, несреќата се случила на автопатот кон Марибор кога романски автобус се превртел рано утрото околу пет часот наутро.

Истрагата на местото на несреќата се уште е во тек. Се уште не е позната причината за несреќата.