Тешка сообраќајна несреќа во Влае, две тешко повредени лица итно префрлени во болница

226

Во страотен судир на два автомобила, од кој едниот бил „Фиќо“, попладнево во скопската населба Влае се тешко повредени маж и жена, кои биле итно префрлени во болница, објави порталот Скопје1.

Според информациите од очевидци, несреќата се случила во непосредна близина на мостот „Влајко“ и мостот „Обединети нации“.

Засега нема информации за здравствената состојба на повредените.