Тешка сообраќајна несреќа вечерва во Скопје, Ауди удри во пешак

745

Пешак загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи вечерва во Ѓорче Петров во близина на зградата на Општината, пренесе НоваТВ

Според првичните информации патничко моторно возило марка Ауди удрило во пешак. Нема детали околу неговата возраст ниту како се случила несреќата.

Очевидци информираат дека била констатирана смрт кај пешакот.

Екипите се на терен. Брзата помош се обидела да го реанимира пешакот, но безуспешно.