Тешка сообраќајка во Прилеп – прегазил четворица пешаци, едниот е во тешка состојба

261

Во полициската станица во Прилеп во недела навечер околу 22 часот, било пријавено дека на улицата „11 Октомври“ патничко возило „голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(29) од Прилеп удрило во пешаците О.С.(37), Б.М.(18) и уште двајца малолетници, сите од Прилеп.

Во несреќата О.С. се здобил со тешки телесни повреди, а останатите пешаци се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.