ТЕЦ Неготино е вклучен на мрежа и испорачува струја

29

ТЕЦ Неготино почна со произведство на електрична енергија со еден котел, додека согласно протоколот за работа на термоелектраната, активирање на вториот котел за постигнување на максимален капацитет е планирано за следната недела, по стабилизирање на системот.

– Вкупниот капацитет за производство не ТЕЦ Неготино изнесува 180 мегавати, односно инсталиран капацитет колку што има еден блок на РЕК Битола – соопшти ЕСМ.

Оттаму посочуваат дека ремонтните и сервисните активности во ТЦ Неготино завршија пред 24 часа, по што се пристапи кон вклучување на електраната.

– По изградбата на ТЕЦ Неготино во 1978 година, ова беше прво отворање и големо ремонтирање на генераторот – прецизираат од ЕСМ.