Тетово го надмина Гостивар за активна транспарентност

140

Тетово со 67 отсто активна транспарентноста го замени Гостивар на лидерската позиција во Полошкиот регион според рангирање на Центарот за граѓански комуникации согласно изработениот Индекс на активна транспарентност. Индексот е редовното годишно рангирање на институциите за проактивното објавување информации од јавен карактер.

На регионални ниво полошкиот регион останува како и лани претпоследното место, пред скопскиот регион.

-Полошки Регион има 49% активна транспарентност која лани била 48%. Општина Тетово му ја презеде неколкугодишната лидерска позиција на Гостивар, подобрувајќи ја својата активна транспарентност за 9 процентни поени. На втората позиција се искачи Желино, подобрувајќи ја својата активна транспарентност за дури 22 поени. Теарце и Врапчиште останаа на последните две места, и двете сè уште во групата на општини со слаба активна транспарентност. Врапчиште ја зазеде и претпоследната позиција на вкупното рангирање на сите 98 институции, се вели во Индексот.

Активната транспарентност на Општина Тетово во 2021 година изнесува 67,1% (од можни 100%)

-Со овој резултат општината се наоѓа во групата институции со „добра“ активна транспарентност (исполнување на обврските од 60% до 80%). Со овие бодови, општината се наоѓа на 51-та позиција од вкупно 98 рангирани институции. Оваа општина од Полошкиот Регион, наизменично секоја година има непостојана активна транспарентност која се движи од просечна до добра и обратно. Годинава, со скок од лани, општината влезе во повисоката група институции со добра активна транспарентност, се вели во извештајот на Центарот за граѓански комуникации.

Во рангирањето се опфатени 98 институции. Од годинава, активната транспарентност е претставена на едно место, на специјално изработената веб-страница http://www.aktivnatransparentnost.mk со преглед на сите опфатени институции, но и на индивидуалните резултати за секоја институција од 2016 годинава наваму.