Пејачот Дарко Лазиќ постојано ги вознемирува најмногу своите дома, своето семејство, а сега и медиумите. Новинарите отрпнаа на неговите поранешни скандали, и ако се почесто сакаат Дарко да ги прави и во ова време-невреме. Дарко не би бил Дарко доколку соодветно не би им возвратил на новинарските провокации.

-Дали навистина ме нарекувате крал на корона забавите? Дали знаете дека јас не можам да добијам коронавирус? Јас сум многу ретка крвна група, луѓето кои го поминале овој вирус имаат 1,2 проценти антитела, а јас природно имам 2,8 проценти и не можам да го добијам вирусот. Значи, јас не сум крал на корона забавите.

Пеам цел живот и тврдам „Кој пее, зло не мисли“, одговори пејачот без трошка срам, додека многумина луѓе починаа од оваа најчесто смртоносна инфекција.                      Ваков прекар Лазиќ го има добиено затоа што и покрај забраните за живи настапи, тој тајно пее на многубројни домашни забави во приватни станови и викендички.  Д.М.