Институтот за јавно здравство на Косово (ИКШПК) денеска и утре организира тестирање на доброволци за Ковид-19 на централниот плоштад на косовскиот главен град.

Тестирањето со методот РТ-ПЦР, односно со брисови од нос и грло, ќе се одвива на плоштадот „Захир Пајазити“ од 9.30 до 13 часот.

Истовремено, како што соопшти ИКШПК, продолжуваат и редовните тестирања во приштинската Клиника за инфектологија и во здравствените центри низ земјата.

– Имајќи го предвид значењето на земањето примероци за депистација на случаите кои немаат знаци на болеста, ИКШПК апелира кај сите граѓани да дојдат да се тестираат за САРС-ЦоВ-2. Истовремено ве информираме дека тестирањата продолжуваат во ИКШПК и во сите регионални центри за јавно здравство во Косово, се вели во повикот.

ИКШПК информира дека во последно време има опаѓање на бројот на случаи на заболени од Ковид-19, меѓутоа апелира граѓаните во што поголем број да го извршат тестирањето.

Од почетокот на пандемијата досега во Косово се регистрирни 50.800 лица позитивни на коронавирусот од тестираните над 180 илјади примероци. Според последните официјални информации, од заболените починале 1.317 лица, излекувни се речиси 40 илјади, додека активни носители на вирусот моментно се 9.515 случаи.