Најтрофејниот тенисер на денешницата, Швајцарецот Роже Федерер, поради повреда на десната нога мораше предвреме да се повлече од мастерс турнирот во Рим, а со тоа му препушти меч за директен пласман во полуфинале на Гркот Стефан Циципас.

Како и повеќемината тенисери, така и Федерер беше приморан да одигра два меча во ист ден, во кој победи против Соуза и Чориќ, но тоа не помина без проблеми.

Очигледно дека големиот притисок си го направи своето и двата меча во неколку часа придонесоа за повредата кај големиот шампион, по што му го предаде мечот на грчкиот тенисер.

  • Не знам како играчите се согласуваат да играат вотакви услови. Овој влажен терен е опасен за сите нас. Линиите проклизуваат, а при таква ситуација неколку пати го повредив палецот. Ногата исто така ме боли, не знам, не разбирам. Не приморуваат да играме, судијата Карлос Бернардес ми рече, не мора да играте ако не сакате, но потоа му реков зошто ми рече дека е време за да се продолжи мечот, а и притисокот го прави своето кога ќе излезете пред 10.000 гледачи, констатираше Федерер.