ТЕРЕЗА ПОСТОЈАНО МЛАДЕШКИ: Има “само“ 80 години, а луѓето и даваат одвај 50!

686

За легендарната пејачка Тереза Кесовија со години се (о)зборува дека младоста одвреме-навреме ја “купува“ на најскапите и најдобрите клиники за пластична хирургија во Париз. Колку е тоа точно, никој не знае, само се шпекулира, а вистината за нејзината убавина и свежина е повеќе од очигледна. Има 80 години, а кога ќе ја видите во живо на концерт или на новинарско интервју, славната пејачка пред која капитулирале многу светски имиња слушајќи ги нејзините вечни мелодии, остава впечаток на жена која како да има одвај 50 години.

Така е тоа кога ќе им се препуштиш на рацете на врвните мајстори на пластична хирургија без разлика колку чинат таквите операции.
– Сè што имам да кажам на таа тема е тоа дека сакам што подолго да изгледам младешки, бидејќи јас сум познато лице кое преку ТВ-екраните и насловните страници од весниците влегува во домовите на милиони луѓе, а тие луѓе, да не се лажеме, сакаат да видат нешто што е убаво, покрај тоа што ја сакаат и мојата песна, коментира популарната Тереза која по објавата на својата подмладена фотографија доби преку стотина илјади лајкови и грст комплименти за грижата со која е посветена кон сопствениот физички изглед.
– Тоа е воедно и доказ дека јас ја почитувам и мојата верна публика која е со мене веќе 60 години колку што успешно трае мојата пејачка кариера, вели расположената Тереза.     Дуле М.