Тереза во потрага по брачната двојка: “Ми се враќа вербата во човекот“!

328

“Како бебе си останала мила, без својата мајка, Те одгледала некоја друга жена, затоа имаш големо срце за народот, нека Те чуваат ангелите“… се нижат бесконечно многу коментари……После ручекот со Макрон, пејачката повторно го размрда Балканот!

Музичката дива Тереза Кесовија која пред неколку дена го крена целиот Балкан на нозе со оглед на тоа дека беше на заеднички ручек со францускиот претседател Емануел Макрон, повторно е во центарот на големо медиумско внимание. Овој пат причината е сосема поинаква.
-Мили мои пријатели и сите мои следбеници на Инстаграм. Јас треба што побрзо да стапам во контакт со една млада брачна двојка, а мислам дека се од градот Макарска, порачува емотивно Тереза. Оваа двојка случајно ја сретнав во првите денови од јануари годинава на ужасен пат со кал, во разорената од земјотресот Бановина, каде тие несебично му помагаа на премрзнатото и исплашено население. Доколку некој ги препознае, ве молам известете ми или преку порака или преку е-пошта. Ова е единствениот начин да се обидам да дојдам до нив, бидејќи нивната хумана приказна и ден-денеска ми ја враќа вербата во човекот, вели возбудено Тереза.

Голем број луѓе не го кријат своето воодушевување од овој потег на славната пејачка, но и жена-хуманист. „Тереза имаш океанско срце“, „Ти си царица“, „Кога желбата е силна, сигурно се постигнува целта“, “Тоа го можеш само Ти бидејќи си човек“, “Се ежам од твоите хумани акции затоа што ова што го правиш за народот не мораш Ти како пејачка да го правиш, тоа треба да го прават политичарите, но Ти си единствената“, “Како бебе си останала мила, без својата мајка, Те одгледала некоја друга жена, затоа имаш големо срце за народот, нека Те чуваат ангелите“…, се нижат бесконечно многу коментари со бесконечни поддршки кои со топли зборови и ги упатуваат луѓето на Тереза. (Д.М.) Фото:ФБ