Тераат мода на плажа: Дуле во црвен шорц, а Сале во сини микро гаќички

311

Додека многумина мислат дека популарните Душко Дуле Тошиќ, фудбалер и сопруг на Јелена Карлеуша, и сопственикот на ТВ-Гранд Саша Сале Поповиќ, летуваат некаде на далечните Малдиви, тие се скромно тука на Јадранско Море, поточно во Опатија на хрватско приморје, каде Саша има луксузна куќа. А, во куќата на Саша гости му се токму тој, Дуле Тошиќ и неговата Јелена – мала од скандала, која инаку и оваа сезона ќе биде дел од жирито на шоуто “Звезде Гранда“. Во меѓувреме, додека не почне есенската ТВ-шема, Дуле и Сале времето го минуваат во септемвриското лето на море, на плажа. Тие се предобро познати и како опасни љубители на модните крпчиња, па двајцата се стокмиле во актуелните машки костими за капење. Дуле во атрактивните шорцеви за пливање во црвена боја, а Сале во микрослип сини машки гаќички за капење кои иако комични, допрва наредното лето според модните дизајнери ќе бидат апсолутен хит… се разбира за цената и на шорцот и на микро гаќичките не прашувајте. Скапи се! Колку и да чинат, тоа е мала паричка за овие двајца парајлии. Д.М./foto:Instagram/