Теодосиќ поради пороците не успеа во НБА лигата

69

Во Европа го доживуваат како еден од најдобрите играчи на денешницата, но во НБА немаат убаво мислење за српскиот кошаркар Милош Теодосиќ. Неколку недели откако ЛА Клиперс го отпушти Теодосиќ, за учинокот на српскиот репрезентативец во НБА лигата разговараа познатиот новинар на „ЕСПН“, Зек Ло и новинарот на „Рингер“ – Џејсон Консепсион.

Коментирајќи го учинокот на Милош Теодосиќ споменатите новинари изнакажаа работи кои сигурно нема да му се допаднат на српскиот кошаркар.

  • Милош Теодосиќ дојде во лигата со 30 години и навика да пуши цигари и да пие алкохол надвор од терените. Не пиеше многу, но сакаше да го живее животот. Сите во НБА знаеја дека тој нема да успее, сите зборуваа дека 82 натпревари се премногу за него, изјави Ло.

Новинарот на „Рингер“ ги потврди зборовите на својот колега и додаде дека Тео секогаш изгледал како претходната вечер да заглавил на некоја журка.

  • Милош беше прототип на играч кој изгледаше како сигурно да дошол од Европа и да пушел. Тоа не е шега, тој навистина пушеше. Секогаш изгледаше како претходната вечер да ја минал во некој српски локал играјќи табла, изјави Консепсион.

Милош Теодосиќ им се приклучи на Клиперси во јули 2017. година, а во првата сезона имаше доста проблеми со повредите. Во дебитантската сезона во НБА Теодосиќ бележеше просек од 9.5 поени, 4.6 асистенции и 2.8 скока по натпревар.

Раскинот на договорот со Клиперси следуваше на 7. февруари годинава, откако тренерот Док Риверс практично не го користеше од почетокот на сезоната.