Легендарниот српски стратег, Душан Дуда Ивковиќ, беше еден од неколкутемина соговорници на серијалот „Златни момци“, и во таа прилика откри една анегдота поврзана со српскиот плејмејкер Милош Теодосиќ и неговите физички предиспозиции.

Имено, Теодосиќ е препознатлив меѓу љубителите на кошарката како еден од најдобрите додавачи во овој спорт, кој со своите асистенции често пати знае да му донесе победа на својот тим, проигрувајќи ги кошаркарите за лесна реализација. Сепак, Ивковиќ откри дека српскиот плејмејкер има проблеми со страничните движења.

  • Теодосиќ има многу слабо латерално движење. Но, знаете ли во што е проблемот? Има големи ма*иња кои му сметаат да оди лево или десно. Јас се смеев на оваа констатација, но вистина е, опиша сликовито Дуда Ивковиќ.