Поранешниот светски тениски рекет беој еден Шпанецот Рафаел Надал, истакна дека модерниот тенис се движи во лоша насока и дека ќе биде уште полошо од сега.

-Тенисот во минатото се темелеше на талентот и тактиката, тие беа поважни, отколку што тоа е денеска. Спортистите мораа да биде повнимателни со цел да се истакнат и да успеат. Во денешниот тенис се повеќе се темели на различни концепти. На земја е уште можен маневар, но на трева и тврда подлога е скоро невозможно. Тенисот е се по брз и не сум сигурен дека тоа е вистинскиот правец кон кој треба да се движи, изјави Шпанецот.

-Тој откри дека „белиот спорт“ се повеќе станува заложник само на еден удар – сервисот.

-Сервисот е удар кој најмногу ги искористи технолошките иновации. Ако наскоро не се најде решение, постои опасност да стане заложник на овој удар. Мислам дека во наредните 10 години ситуацијата ќе се влоши, заврши Надал.

Рафа, кој има осовено 20. грен слем титули оваа сезона ја заврши многу порано поради повреда на стапалото. Тој беше подложен и на хитушка интервенција, а се очекува повторно да заигра на теренот во Мелбурн на Австралија опен.