Уште еден познат спортски пар реши својата врска да ја круниса со брак. Станува збор за американската тенисерка Слоун Стивенс и американскиот фудбалер Џози Алтидор.

Некогаш третата тенисерка во светот, се омажи за голгетерот на Торонто на почетокот на 2022 година, а нивниот брак веќе со денови се споменува во американските медиуми.

Стивенс моментно е 65. Тенисерка на ВТА листата, а воедно е и грен слем шампионка, откако во 2017 година славеше на САД Опен.

Алтидор е играч на Торонто од 2015 година, член на МЛС-лигата, а во кариерата настапуваше и за АЗ Алкмар, Сандерленд, Виљареал…