Украинската тенисерка Ангелина Димова, нема ни 19 години и се уште го бара својот пат до врвот, но доколку се натпреваруваше за најзгодна и најубава тенисерка, веројатно високо ќе котираше на оваа листа.

Поради својот атрактивен изглед, Ангелина е многу популарна на својот Инстаграм – профил, каде што уште од сега ја следат 150.000 луѓе. Но, пред неколку дена пријатно ги изненади своите следбеници откако испрати порака дека бара момче против кое би играла.

Наместо партнер, моментно топчето го удира од ѕид, но се надеваме дека наскоро ќе го добие тоа што го побара.