Светот на тенисот моментно го тресе голем скандал со наместени натпревари. Според францускиот „L’Equipe“, ова е, веројатно, најголемиот ваков скандал во историјата. Надлежните тела истражуваат 375 натпревари одиграни помеѓу февруари 2014 и јуни 2018 година, кои се поврзани со дури 181 тенисер.

Се вели дека главен човек на операцијата е 32-годишниот Григор Саркисјан, познат како мајстор, мафијаш поврзан со ерменската мафија. Тој е обвинет за поткуп на тенисери и за местење натпревари. Во најголем дел се работело за мечеви на тенисери што биле под 200. место на АТП ранг-листата, односно оние што заработиле доволно пари од местење на своите натпревари.

Во јавноста се објавени и тарифите за местењето на мечевите. Така, сите осомничени во оваа афера, за загубен гем во поединечна конкуренција добивале по 400 евра, за загубен натпревар во двојки, во два сета, по 2.000 евра, а најмногу што зеле за да загубат било по 3.000 евра. Наводно, на сметките на главните луѓе на операцијата, во период од две години, легнале вкупно околу осум милиони евра.