Тензично во црногорското собрание на ратификацијата на Протоколот за НАТО: За малку избегната физичка пресметка

219

Во црногорското Собрание денеска беше ратификуван Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, но седницата помина во тензична атмосфера. Особено им пречеше присуството на претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, кој лидерот на партијата Нова српска демократија Јован Вучуровиќ беше наречен терорист кој пукал на македонски војници.

Но, тука не бил крајот на тензиите. За малку ќе дошло и до физичка пресметка, откако еден од лидерите на Демократскиот фронт, Милан Кнежевиќ од клупата почнал да дофрлува навредувачки зборови за Миодраг Вуковиќ од ДПС.