„Темпура“ од зеленчук – внесете јапонски „шмек“ во вашата кујна

134
Фото: Youtube: Seonkyoung Longest

„Темпура“ е јапонско јадење кое е практично и брзо се подготвува. Тоа се пржени парчиња зеленчук (може и месо или морска храна) што треба да ги исечете тенко за да ги пржите, а истовремено похованиот слој да остане крцкав.

Состојки: 

  • 200 гр брашно
  • 100 гр пченкарно брашно
  • малку сода бикарбона
  • ледена кисела вода (во неа да има и парчиња мраз)
  • зеленчук по ваш избор (тиквички, кромид, модар патлиџан, морков, сладок компир, боранија, прокељ, печурки, блитва…)

Подготовка:

Измешајте го брашното, истурете ледена вода и соединете. Смесата треба да биде малку погуста од павлака. Не претерувајте со мешањето бидејќи „темпурата“ треба да има грутчиња од брашното.

Исечете го зеленчукот по желба, а потоа потопете го во смесата. Протресете малку за да го отстраните вишокот, па пржете во длабока тава на многу врело масло додека не добие златна боја. Исцедете го вишокот маснотии на крпа.

„Темпурата“ од зеленчук јадете ја додека е топла, бидејќи ако се олади зеленчукот, нема да биде крцкав.

Уживајте во вкусот!