По кој знае кој пат денес пак се одложи судењето за изборните нерегуларности познат во јавноста како “Титаник”.Причина за верашното одлагање ,е тоа што врз обвинетиот Едмонд Темелко неодамна била извршена хируршка интервенција , поради што тој не можел да присуствува на рочиштето во Кривичниот суд.

-Ја информираме јавноста дека заради отсуство на еден од обвинетите кој до судот доставил документација дека врз него е извршен оперативен зафат и истиот привремено нема да може да присуствува на судењето заради здравствени причини, главната расправа се одлага за што се известени и странките во постапката, информираат од Кривичниот суд.

На новото одложување реагираше и обвинителката на СЈО,Лиле Стефанова која го застапува случајот пред судот. Според неа термините на закажаните рочишта се добро поставени, но одложувањата прави огромна штета на понатамошниот тек на постапката. Таа очекува до крајот на јуни да заврши постапстпаката на изведување на материјални докази, по што ке се отпочне со изведувањето на вербалните докази.

Во „Титаник“, обвинети се дваесетина, меѓу кои и екс премиерот и бегалец Никола Груевски, екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска, како и Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски и уште неколкумина.

Според обвинението на СЈО обвинетите се гонат за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.