Темелковски на увид врз градежните работи на патот што води кон Теферич

164

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во придружба на претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ направи увид во градежните работи на патот кој води кон населеното место Теферич.

Во моментов се одвиваат завршни активности за асфалтирање на улицата во должина од 850 метри и ширина од 5,5 метри.

Локалната самоуправа уште еднаш ги замолува граѓаните за разбирање и трпение додека траат градежните работи.