Телото извлечено од Сава не е на Матеј Периш, потрагата влегува во четвртиот месец

262

Иако хрватската полиција не добила официјално известување од колегите од Србија, извори блиски до истрагата за Јутарњи.хр велат дека телото што минатиот четврток беше извлечено од Сава во белградската населба Умка не е Матеј Периш, 27- годишникот од Сплит кој исчезна на 31 декември минатата година.

Телото било во висока фаза на распаѓање, а биле пронајдени делови од облека, црна тренерка и црн елек, а тоа било клучот за да се утврди дека не исчезнатиот Матеј Периш.

Како што може да се види од снимките од надзорните камери, Матеј трчал во темна маица со куси ракави и светли патики. Татко му Ненаад, имал ист таков модел на патики и ги предал на белградската полиција за да им помогне во потрагата.

Ненад Периш, таткото на Матеј, неодамна се вратил во Сплит, но тој и понатаму е во секојдневен контакт со полицијата во Белград, пренесува Нова.рс, која пак, веќе трет месец трага по неговиот син. Кобната вечер Матеј околу два часот по полноќ го напучтил клубот Готик, каде бил со друштво од Сплит. Последен пат е виден како се спушта на платото кај брегот на Сава во близина на ресторанот Сава Нова.

Потрагата со неизвесен исход по исчезнатиот сплитќанец влегува во четвртиот месец, а за неговото исчезнување е информиран Интерпол.

Пронајдено тело во Сава кај Белград, дали е тоа исчезнатиот Матеј Периш?