Телефонски разговор Путин – Макрон за нуклеарката „Запорожје“

57

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот француски колега, Емануел Макрон, штотуку го завршиле телефонскиот разговор за ситуацијата во Украина, соопшти официјална Москва.

Путин му пренел на Макрон дека гранатирањето на нуклеарната централа „Запорожје“ за што го обвинил Киев, создало ризик од „катастрофа од големи размери“.

Двајцата претседатели се согласиле за потребата од испраќање тим на Меѓународната агенција за атомска енергија во централата.

Путин разговарал со Макрон за тековните пречки во снабдувањето на светските пазар со руска  храна и ѓубрива, се вели во соопштението на Кремљ