Телес стои на излезната врата

88

Предводникот на португалскиот гигант Порто, Серхио Консеисао потврди дека е можно да остане без услугите на бразилскиот интернационалец, Алекс Телес. Тренерот на „сино-белите“ откри дека има неколку официјални понуди за офанзивниот бек, но португалските медиуми се убедени дека Телес ќе биде продаден на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, кој ќе одвои околу 40 мил. евра за неговото обештетување.