Телеграма со сочувство од амбасадорот Герберих до семејствата на загинатите во автобуската несреќа

90

Амбасадорот на Сојузна Република Германија Томас Герберих, испрати телеграма со сочувство до премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче во која  изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Скопје – Тетово.

– Длабоко ме погоди веста за тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово што се случи вчера вечер. Ви изразувам најдлабоко сочувство и од името на германската Амбасада. Нашето длабоко сочувство го упатувам особено до семејствата на жртвите, се вели во телеграмата од германскиот амбасадор Герберих.

Во автобуска несреќа меѓу селата Карпалак и Ласкарци вчера околу 17 часот животот го загубија 14 лица, а 37 беа повредени, од кои седум во тешка здравствена состојба.