Тедрос: Пандемијата ја прекина вакцинацијата против опасни болести

52

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејезус, во својот говор на глобалниот самит за вакцинирање во Велика Британија, предупреди дека процесот на вакцинација против колера, детска парализа и други опасни болести е прекинат поради пандемијата на коронавирусот, пренесува руската агенција ТАСС.

Пандемијата на Ковид-19 не потсети колку е чувствителен човечкиот живот и дека во нашето глобално село здравјето на една личност зависи од колективното здравје. Сега е вистинското време светот да се обедини и солидарно да обезбеди погодности за вакцинирање за сите, истакна Тедрос.