Тевдовски си замина со стан, гаража и Тојота

173

Со мнозинство гласови по десетчасовна расправа, Собранието вчера ги разреши од функцијата министерите за финансии и за локална самоуправа, Драган Тевдовски и Сухејл Фазлиу и министерот без ресор задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика. 

Драган Тевдоски и официјално не е министер по тензичната расправа на власта и опозицијата во Собранието, а веќе денеска треба да се гласа за новите министри.Според неговито анкетен лист, Тевдовски пријавил дека поседува стан од 67,3 метри квадратни стекнат како подарок, пишува Емагазин.

 

 Има и автомобил Тојота рав, а пријавил и гаража како подарок.Депозит од 20.499 евра веќе поранешниот министер за финансии пријавил на име на својата сопруга.Тој вчера се огласи на Фејсбук по заминувањето од министерската функција, па кажа дека со главата горе се враќа на Економскиот Факултет.- „Чест ми е што ја водев најдобрата институција во земјава. Се гордеам што имав одличен тим со кој не се плашев да влезам во ниту една битка. Благодарност до вработените во Министерството за финансии што беспоштедно работеа да ги спроведеме реформите.
Најголемата награда за мене за овие две години, доаѓа деновиве кога насекаде граѓани ме застануваат и ми велат: „браво и главата горе”. Тоа е за мене најдобриот начин да се излезе од едно министерство. И затоа со главата горе и целосно посветен се враќам на Економскиот факултет“, напиша Тевдовски синоќа.