На последното собрание на МТФ „Војдан Чернодрински“, одржано во Скопје,  д-р Ана Стојаноска, театролог, професор, е избрана за нов претседател на собранието на Фестивалот. Изборот на новиот претседател доаѓа откако собранието на МТФ „Војдан Чернодрински“ констатира дека е изминат мандатот на досегашниот претседател Катерина Коцевска Хаџавасилева.

– Благодарам на Собраниетона Фестивалот што ме избраа. Се надевам дека ќе имаме одлична соработка со сите театри. Главниот мој фикус ќе биде создавање на фестивал според современите страндарди, фокусиран на домашната драма и новиот театар. Со сериозен концепт и можност да се види каков театар создаваме денес, со програми што ќе го „оживеат“ театарскиот сјај и со грижа за театарското наследство – изјави д-р Стојаноска, по нејзиниот избор.