Театар: „Jованче и Марика“ – да веруваш во себе

32

„Jованче и Марика“ е детската претстава во режија на Давор Драгојевиќ која публиката може да ја види на 22 февруари, со почеток од 19 часот, во Театарот за деца и младинци.

Тоа е претстава која се темели на бајката на браќата Грим, а во која главни протагонисти се најпознатите брат и сестра во литературата за деца – Jованче и Марика. Браќата Грим им подариле ,,вечен” живот, а генерации деца растеа со оваа прекрасна бајка која ја покажува вистинската љубов помеѓу братот и сестрата, нивната добрина и нивната желба за среќно семејство. Марика е мила, малку плашлива, Јованче љубопитен и храбар, но доаѓаат во ситуација сами да се борат со вештерката која го маѓепсала нивниот татко… Најважната порака е дека и во најтешките моменти треба да веруваш во себе.

Улогите ги толкуваат Катарина Илиевска Силјановска, Марија Ѓорѓијовска, Драган Довлев, Ана Левајковиќ Бошков.