Театар: „Снежната кралица“ – за вистинското пријателство

129

„Снежната кралица“ е претставата која најмладата публика ќе може да ја види на 18 јануари со почеток од 19 часот во Театарот за деца и младинци.

За прв пат објавена во 1844, „Снежната кралица“ на Ханс К. Андерсен е класична бајка која не престанува да биде инспирација на различни автори. Оттаму и инспирацијата на авторката Билјана Крајчевска, која користејќи ги мотивите на сказната, раскажува приказна за пријателството кое што не може да се растури, пријателство на кое што му стрепат сите опасности на современото општество почнувајќи од конзумеризмот што ги изместил сите вредности.

Режисерката Драгана Милошевски –Попова, пак, ја концепира фабулата низ чудесното патување на девојчето Герда. Таа е спремна да направи сѐ за да го пронајде својот пријател којшто е заробен во смрзнатото срце на Снежната кралица, покажувајќи ни ја моќта на вистинското пријателство. Ова е претстава за љубовта и растењето испишани од перото на едно дете.