Театар: „На отворено“ на МТФ „Војдан Чернодрински“

209

Како дел од официјалната програма на МТФ „Војдан Чернодрински“ е и претставата на Театар Комедија „На отворено“ по текст на Славомир Мрожек во режија на Андреј Цветановски, која ќе биде изведена утревечер (13 јуни) во 19:30 часот на сцената на театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Во претставата играат: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски-Тино, Сергеј Димовски и Тони Денковски. Драматург е Дарко Јан Спасов, сценографијата на Сергеј Светозарев, костимографијата на Ивана Каранфиловска Угуровска, а музиката на Димитар Андоновски.

„’На отворено’ е едночинка која зборува за гладот во секоја смисла на зборот. За борбата за моќ и за начините да дојдеш до неа, како и за тоа каков ќе излезеш како човек од таа борба. Еден Шекспировски заплет, гледан низ комична призма. Горка комедија за време на која смеата ти застанува во грло“, вели режисерот Цветановски.