Театар Комедија вечерва гостува на Фестивалот „5ре“ во Велес

19

Во рамки на новиот Театарски фестивал „5ре“ кој е во тек на сцената на велешкиот Народен театар, вечер во 20 часот ќе биде изведена претставата „Вардарски пастуви“ на Тетар Комедија од Скопје.

Утре почнува и детската фестивалска програма во 13 часот кога ќе биде изведена претставата „Чунгалунговски, Пепелашка и Принцот Тортичка“ во изведба на Штипскиот театар.

Освен за деца, Штипскиот театар утревечер во 20 часот ќе ја изведе и претставата за возрасни „Пасивно пушење“.

Детската програма на „5ре“ продолжува во сабота во 12 часот со претставата „СуперБајкастично“ на Тетараот за деца и младинци од Скопје.