Театар: „Како да се ограби банка“ со фамилијата Кепевски

92

„Како да се ограби банка“ по текст на Сами Фејд, а во режија на Иван Манасковски е претставата која публиката ќе може да ја види на 3 декември, од 20 часот во Драмски театар – Скопје.

А во неа, парите го вртат светот… Што би правеле кога ќе го допрете дното во општеството и кога единствената мисла со која ќе се будите наутро е „како да го наполнам својот стомак“? Одговорот на ова прашање е многу едноставен. Ајде да ограбиме банка. И тоа му текнува на семејството Кепевски. Оваа претстава зборува за комичноста на луѓето кои ќе се најдат во комплицирани ситуации. Човекот секогаш се бори за својата егзистенција и го бара своето место под сонцето. Начинот на кој тој тоа го прави понекогаш е комичен, а на нас ни останува само да се опуштиме и да уживаме во возењето…