Театар: „Грдото пајче“ – за суровоста на овој свет

146

„Грдото пајче“ по познатата бајка на Ханс Кристијан Андерсен, а во драматизација и режија на Дејан Дамјановски, е претставата за деца која публиката ќе може да ја види на 5 декември, во 19 часот, во Театарот за деца и младинци.

Таа е уште една лектира за основно образование, овојпат за најмладите и зборува за бебето лебед, кое по грешка е испилено во гнездото на една пајка. Тогаш тоа ја запознава суровоста на светот каде е родено, а поради разликите во изгледот го добива прекарот Грдо Пајче. Бидејќи не може да ги прифати подбивањата на најблиските и агресијата на останатите и почнува да талка по светот, барајќи го своето јато. Како и секоја бајка и оваа има наравоучение и среќен крај. Грдото пајче на крај сепак ќе се претвори во прекрасен лебед…