Театар: „Брачна игра“ – нешто ептен лично

27

„Брачна игра“ по текст на Едвард Олби, а во режија на Тони Михајловски, е претставата која публиката ќе може да ја види на 19 февруари од 20 часот, во Македонскиот народен театар.

Во неа Џилијан и Џек, како Весна Петрушевска и Игор Џамбазов, играат брачен пар и ја претставуваат брачната меланхолија, здодевност, очај, караниците и брачните проблеми. „Претставата гарантира феноменално патување низ нервниот систем на Џилијан и Џек! Конфликт до коска! Тешки прашања сѐ уште без одговори. Психоанализа до баналност! Трагика до комичност! Љубов до омраза! Брак до развод и назад! Феноменална забава, божем на туѓа сметка“, ќе посочат од МНТ.