ТВ камера го сними земјотресот во Еквадор: Луѓето бегаат во паника за време на емисија во живо

65

Земјотресот што во саботата го погоди Еквадор е снимен од камерите на една телевизија бидејќи се случил за време на снимање на емисија во живо.

Камерите на локалната еквадорска телевизија го снимија земјотресот што ја погоди земјата во саботата.

Откако го почувствувале потресот, еден маж станал и им рекол на другите да останат смирени. Како што се засилуваше земјотресот, другите учесници на шоуто станаа и истрчаа кон излезот од студиото и емитувањето нагло беше прекинато.

Најмалку 12 лица загинаа во земјотресот во Еквадор, соопштија официјални лица, а Сеизмолошкиот институт на Соединетите Американски Држави (USGS) соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,8 степени. степени на Рихтер.