Твојата работа е срамота

78

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан остро му одговори на еден новинар. Вчера Французинот присуствуваше на последниот плејоф натпревар од Сегунда помеѓу Рајо Ваљекано и Жирона, на кој играше неговиот син Лука Зидан. Во близина на стадионот, еден новинар му постави неколку прашања на тренерот за заминувањето од Реал Мадрид.

  • Дали постојано ќе ми ги поставуваш истите глупави прашања? Твојата работа е срамота, одговори Зидан.

Французинот го напушти клубот на 27 мај 2021 година. Го предводеше Реал Мадрид од март 2019 година. Пред тоа, тој веќе работеше како главен тренер на „кремастите“ од 2016 до 2018 година и освои две шампионски титули во Шпанија, три во Лигата на шампионите, два пати го освои Суперкупот на Шпанија и Суперкупот на УЕФА и два пати победи на Светското клупско првенство.

Во сезоната 2020/21, Реал Мадрид заврши на второто место во Шпанското првенство, со два бода помалку од Атлетико. Во Лигата на шампионите, мадридскиот клуб беше елиминиран во полуфиналето, губејќи од Челзи (1:1, 0:2).