Твитер забрани споделување на фотографии и видеа без согласност

47

Твитер денеска соопшти дека нема да дозволи споделување на приватни медиумски податоци, како фотографии и видеа, на својата платформа, без согласност на лицето кое се наоѓа на нив.

Политиката за приватност на компанијата отсега забранува споделување на туѓи приватни податоци, како телефонски броеви, адреси и лични карти, потсетува Ројтерс.

„Кога поединците кои се прикажани на нив, или овластените претставници, ќе не известат дека не дале согласност за споделување на нивните приватни фотографии или видеа, ние истите ќе ги отстраниме“, известуваат од Твитер.

Основачот и извршен директор на Твитер, Џек Дорси, во понеделникот поднесе оставка како прв човек на оваа социјална мрежа.