После четиримесечно молчење и откако пред неколку дена на нејзиниот инстаграм-профил ја изнесе својата потресна животна приказна, Тања Савиќ го пријави сопругот Душан Јованчевиќ за киднапирање на нивните синови Максим и Ѓорѓе.  Јованчевиќ, наводно, би можел да биде осуден на парична казна, но и на затворска казна.

Од мај, пејачката на мирен начин се обидувала да го реши спорот со нејзиниот сопруг, за да тој не трпи последици, но сега реши да се бори за децата по секоја цена.

– Душан ги однесе децата во Австралија без согласност на Тања. Таа беше убедена дека  ќе го реши проблемот, но бидејќи тој ѝ забранува дури и да се слушаат на телефон, многу е очајна. Таа го пријавила во  српската полиција, а нејзиниот адвокат исто така испратил извештај до австралиската полиција. Министерството за надворешни работи и Министерството за правда се запознаени со нејзиниот случај и ќе направат сè за да ѝ ги вратат децата – вели близок пријател  на Тања Савиќ за „Информер“. Тој нагласува дека жените се многу заштитени во Австралија и дека Тања би ги имала своите деца во рок од неколку дена. Проблемот, според изворот, е во тоа што децата се австралиски жители, а пејачката сака да живее во Србија со нејзините деца.

– Тања нема ниту желба ниту пари да живее во Австралија. Затоа таа ќе поднесе барање да добие старателство над децата и да им се овозможи да ги донесе во Србија. Таа има доказ дека децата биле киднапирани затоа што имале престој во Белград тука оделе на училиште, биле и во здравствен систем. Душан може да се соочи со шест до 30 години затвор и ќе треба да плати казна од 25.000 американски долари. Тој стана посилен затоа што мислеше дека Тања ќе молчи засекогаш – додаде соговорникот.

Тања Савиќ потврди дека ја започнала борбата за старателство над децата.

– Јас молчев четири месеци и не сакав да откривам приватни детали во јавноста, но сега морав да побарам помош. Луѓето ми велат да одам и да ги земам своите деца, но не можам туку така  да одам во Австралија и да ги доведам  во Србија. Јас не сум ниту нивниот граѓанин. Тогаш тоа би значело дека ги киднапирав моите синови од Душан. Побарав помош од мојата земја, но и од Австралија и сега ја чекам нивната помош, вели Тања.

Таа е свесна дека нејзиниот сопруг ќе се соочи со голема затворска и парична казна, но, како што се наведува, повеќе не ѝ е грижи за тоа.