Тајсон Фјури откри новиот метод од тренингот за борбата со Вајлдер

144

Британскиот боксер Тајсон Фјури многу добро знае како да го привлече вниманието на јавноста. Тој повторно најде начин како да ја засмее јавноста на прес-конференцијата предборбата со Американецот Дионтеј Вајлдер. Британецот имаше неверојатно добар одговор на прашањето од новинарите за тоа како ја подготвува брадата и вилицата за овој дуел.

Фјури, кој е познат како многу духовит боксер, ги шокираше припадниците на седмата сила со одговорот за тоа дали се грижи за својата брада и како планира да го избегне нокаутот.

-Имам многу доверба во мојата брада, а многу лижев в****а во изминатите неколку денови за да ја зацврстам, изјави Фјури.

Новинарите беа шокирани од овој одговори и само прокоментираа

– Во ред, добар одговор, благодарам на издвоеното време.

Инаку, ова не е прв бизарен одговор од страна на „Кралот на Циганите“ кон новинарите кога е во прашање долгоочекуваната борба за титулата во тешка категорија против Вајлдер. Британецот минатиот месец изјави дека мастурбира седум пати на ден за да го зголеми тестостеронот.

Сепак, овој пат отиде еден чекор понапред и само Бог знае што уште ќе изјави до почетокот на борбата, која е закажана за 22 февруари.