Тајсон Фјури доби 40 конци на аркадат по мечот со Ото Валин

140

Британскиот боксер Тајсон Фјури по голема борба успеа да слави над Ото Валин и да ја одбрани шампионската титула. Тој за време на оваа борба се здоби со  многу повреди, но тоа не му пречеше да ја прослави победата.

Фјури (31) доби удари во главата од Швеѓанецот, но и покрај тоа остана на нозе и победи. По мечот целата глава му беше раскрвавена, по што мораше да оди во болница на шиење.

Добил 40 конци на главата, но и тоа не го спречило да слави. Заминал дома, па за кусо време отишол во казино каде се релаксирал на апарати и со пиво. Боксерот откри дека заработил 5.000 фунти, па поради тоа ќе пие уште пиво.

Боксерот во кариерата има вкупно 30 борби, а 29 од нив се победи. Само една заврши нерешено, по судиска одлука, кога во рингот беше со Дионтеј Вајлдер.