Британскиот боксер Тајсон Фјури, напорно тренира за големата борба во тешка категорија против својот сонародник Ентони Џошуа. Пред неколку дена, Еди Херн, кој е менаџер на Џошуа, откри дека борбата за обединување на титулите ќе се одржи на 7 или 14 август во Саудиска Арабија.

Фјури ја заложува титулата во тешка категорија на ВБЦ и неговиот статус без пораз. Џошуа ќе ги брани појасите на ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО. Ова ќе биде една од најголемите борби во историјата на боксот.

Босерите потпишаа догвор за две борби и доколку Фјури успее да победи, тогаш тој засекогаш ќе го зацементира своето име во историјата и ќе биде меѓу најголемите великани. На својот профил на социјалните мрежи, Тајсон откри дека работи напорно за да им даде нокаут на фановите.

-Ентони Џошуа, пи*ко дали си подготвени за војна? Напорно работам за да им дадам голем нокаут на навивачите, напиша Фјури.

Саудијците платија 150 милиони долари за да бидат домаќини на настанот. Овие пари ги делат боксерите 50-50, а ќе земат и дел од продажбата на преносите. Цената на преносот во Велика Британија ќе биде 25 фунти, а во САД 100 долари. Има многу заинтересирани кои сакаат да ги купат ТВ-правата. Последната средба на Тајсон Фјури против Дионтеј Вајлдер имаше милион продадени преноси, но овој меч треба да го надмине тоа.