Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, пред неколку дена се закити со петтата титула на Вимблдон, откако во финалето на турнирот го совлада Швајцарецот Роже Федерер. Овој меч траеше речиси пет часа и беше најдолгото финале на турнирот во Лондон. Новак успеа да ја одбрани титулата, благодарение на концентрацијата и смиреноста, но зад неговиот успех се крие и посебната диета, односно специјална исхрана.

  • Јадам природна храна. Да бидам искрен не сакам преработена храна. Веќе неколку години јадам само свежа, откри Србинот.

Тој нагласи дека не го сака зборот „веган“ и тоа колку ваквата диета била корисна за него и неговото опоравување. Освен тоа, Ѓоковиќ истакна дека повеќе нема алергија кога ја имал некогаш, односно пред да ја промени исхраната.

Претходно тој често бараше паузи на натпреварите, особено на Австралија опен во еден момент дури и повраќаше. Тоа беше неговиот најголем проблем, иако тоа претходно не го сфатил. Верувал дека проблемот е поврзан со астма, го промени тренерот, и дури замина на операција на носот. Се обиде и со медитација и јога, но неговиот нутриционист Игор Четојевиќ му понуди едно решение. Докторот бил сигурен дека Новак е алергичен на пченица.

По ова сознание, Новак целосно ја промени својата исхрана. Од исхраната го исфрли глутенот, шеќерот и млечните производи. Почна да јаде овошје, зеленчук (грав, риба, јаткасти плодови, семки, леќа…). Нормално, неговата исхрана се состои од многу јаглехидрати кои се најголем извор на енергија.

Овие промени во исхраната се покажаа како полн погодок на српскиот тенисер кој така ја одржа својата физичка подготвеност, а тоа е клучот за неговиот успех.